Младиот репрезентативец на Полска роден 2001 година, Пјотр Једрашчик е новото засилување за Келце, тој потпиша договор на четири години со важност од 2023 до 2027.
Во овој момент Једрашчик е ракометар на Пиотрковианина Пиотрков и е еден од нивните најдобри играчи со 62 постигнати голови. Посебно се истакна и во натпреварот против Келце ви декјември минатата година кога постигна дури 13 гола.
Неколку недели подоцна Једрашчик го имаше своето деби за полската репрезентацијата во натпреварот против Тунис. Полска загуби во тој натпревар со 26:30, но младиот играч не разочара и покажа дека може да биде одлично освежување во репрезентацијата во наредниот период. На оваа средба зад своето име запиша четири гола и изнуди еден седмерец.
Сезоната ќе ја заврши во неговиот сегашен клуб после што ќе се приклучи на Келце.