Ракометарите на Келце на гостувањето во Словенија кај Целје триумфираа со 33:30 во натпревар од 5. коло од Лига на шампионите и за првпат во историјата на меѓусебните дуели успеаја да го совладаат словенечкиот шампион на гостински терен.
Избраниците на Алем Тоскиќ одиграа одлично во првото полувреме, иако во најголемиот дел заостануваа на два гола разлика. Полскиот шампион имаше контрола на резултатот до 20 минута и од самиот почеток беше во предност, во два наврати имаше и четири гола разлика, водеше со 8:4 и 9:5, но во последните десет минути од првиот дел целосно се опушти и им дозволи да домаќините да фатат приклучок.
По водството на Келце од 9:6, домаќините со серија од 3:0 израмнија на 9:9 и останааа во игра за освојување на бодовите. Целје сѐ повеќе наоѓаше простор во одбраната на Келце и лесно стигнуваше до погодоци. Словенечкиот шампион во 22 минута дојде до првото водство, поведе со 11:10, одржуваше минимална предност уште неколку минути и по нерешените 15:15, гостите го презедоа водството и на полувреме заминаа со 17:16.
Домаќините на почетокот на вториот дел израмнија на 17:17. Келце со погодоците на Сичко, Морито и Душебаев се одлепи на 21:17, заигра поангажирано во одбраната и константно до крајот на дуелот беше резултатска предност. До 40 минута голманот на Келце, Волф имаше седум интервенции, додека Габершек три, а неговиот колега Бојиќ една интервенција.
Откако Келце имаше три гола разлика, 24:21, составот на Целје намали на 24:22 и на трипати не успеваше да реализира за еден гол негатива. Ниту Келце не играше на ниво, не можеше да се одлепи на поголема предност и тоа создаваше нервоза во таборот на Душебаев. На речиси десетина минути пред крајот, левото крило на Целје, Тадеј Мазеј намали на 24:23.
Во финишот се играше гол за гол и само нијанси одлучуваа кој ќе ја добие битката. Келце до 58 минута водеше со еден гол разлика и во клучните моменти ракометарите на Тоскиќ направија неколку грешки, кои ги чинеше и пораз во денешниот дуел против тимот кој во минатата сезона го освои второто место на Ф4 турнирот во Келн.
Најефикасен во победничката екипа беше Симон Сичко со девет погодоци. Кај Целје листата на стрелци беше предводена од Алекс Влах со осум гола.