Полскиот првак Келце и во новата сезона ќе го крати играчкиот кадар и ќе праќа дел од ракометарите на позајмици.
Последен во редот ќе биде левото крило Цезари Сургиел, кој пропушти голем дел од минатата сезона. Во новата сезона втор избор на левата крилна позиција ќе биде Шимон Виадерни.
21-годишниот Сургиел имаше сериозна повреда на коленото, но се врати на терените на крајот на март и одигра неколку одлични натпревари во полскиот шампионат.
Сепак тоа не беше доволно за Талант Душебаев, кој нема да смета на неговите услуги во претстојната сезона.
Oд оние што веќе се на позајмица е средниот бек Стефан Додиќ во Целје, потоа Халил Јагањац во Рајн Некар Левен, Бранко Вујовиќ во Келце, Пјотр Једрашчук, а на нова позајмица ќе одат Ноа Зубац и Дорук Пеливан.