Откако потпиша нов договор на четири години со ветеранот Криштоф Лијевски, тимот на Келце врза на долг рок уште еден играч.
Полскиот шампион потпиша договор на три сезони со десното крило Аркадиуш Морито, кој од претходно имаше валиден договор и за новата сезона.
Тоа значи дека еден од најдобрите стрелци во тимот на Талант Душебаев останува во Келце до 2024 година.
Друштво на Морито на десната крилна позиција во следните сезони ќе му прави Исланѓанецот Сигвалди Гудјонсен, кој лани беше меѓу најдобрите во тимот на Елверум.