Еден од најголемите таленти од Исланд и ракометар на Келце, Хаукур Трастарсон и понатаму има многу проблеми со повреденото колено. Иако има петгодишен договор со Келце, Исланѓанецот се уште не може да ги покаже своите квалитети.
Како што пренесува клупскиот сај на Келце, Трастарсон е во Барселона каде што му е извршена нова операција на повреденото колено. Не е познато како овој зафат ќе влијае на повредата и уште колку време Трастарсон ќе биде надвор од терените.
„Секогаш чувствувам чудно крцкање во коленото кога ќе го исправам. Треба големо внимание да посветам на коленото. Морам да бида потполно сигурен дека нема никакви пречки пред да поминам во следната фаза на рехабилитација“, рече Трастарсон.
Трастарсон има договор со Келце до 2025 година, иако само што пристигна во клубот се повреди, сепак претседателот Сервас му го продолжи договорот. Се работи за голем талент кој им само 20 години и се очекува да биде нследник на Палмарсон во исландскиост ракомет.