Еден од следните противници на Вардар во Лигата на шампионите, екипата на Келце се соочува со проблеми со повредени играчи пред следните дуели.
Талант Душебаев во наредните неколку недели ќе биде без услугите на белорускиот репрезентативец, Владислав Кулеш.
Кулеш закрепнува од повредата на тетивата која ја заработи пред натпреварот со Мешков Брест од Лигата на шампионите, а според информациите од клубот, ќе му биде потребен еден месец до целосно опоравување.
Освен повредениот Белорусин, уште еден играч ќе биде надвор од стројот за следните предизвици. 19-годишниот Михал Олејничак ќе паузира од терените заради повреда на скочниот зглоб, а долго ќе биде отсутен Исланѓанецот Хаукар Трастарсон.
Двата дуели меѓу Вардар и Келце се на 19 ноември во Скопје и на 25 ноември во Келце.