Келн го собра ракометниот крем: Лазаров, Штербик, Наѓ, Томас…

Со мечот за третото место и финалето на завршниот турнир во Лигата на шампионите во Келн, официјално ќе биде спуштена завесата на ракометната сезона.

На трибините во „Ланксес Арена“ можеа да видат многу лица од ракометниот крем, а меѓу нив беше и македонската легенда Кире Лазаров.

Во Келн се и некогашниот вардаров голман Арпад Штербик, потоа Давид Дејвис, Ласло Наѓ, Виктор Томас, Доминик Клајн, Марта Бон, Јоаким Болдсен…

Во мечот за третото место од 15:15 часот ќе играат Веспрем и Кил, додека во битката за трофеј ќе се сретнат Келце и Барса од 18:00 часот.