Екс ракометарот на Вардар, Кевин Њокас одлучи својата кариера да ја продолжи на Блискиот Исток.
Ракометарот од Франција ќе настапува за амбициозниот тим на Ал Ахли од Саудиска Арабија.
По заминувањето од Вардар, Кевин, како и неговиот брат близнак, Оливие, беа дел од тимот на Ал Наџма, клуб со кој настапија на Заливскиот Куп и на Азиското клупско првенство.
Со тимот од Бахреин успеаја да го освојат трофејот на Заливскиот Куп. Браќата Њокаси пред два месеци дебитираа за селекцијата на Конго на Африканското првенство.
Кевин во својата кариера освен за Вардар настапуваше и за екипите на Бенфика, Гумерзбах, Гепинген, Шамбери и ПСЖ. За француската репрезентација одигра 40 меѓународни натпревари постигнувајќи 57 погодоци.