Новиот тим во Женската лига, Металург Автокоманда, полека го комплетира играчкиот ростер пред стартот на новата сезона.
Тимот предводен од Јулијана Дамчевска и Крсто Петрушевски, промовираше уште пет нови засилувања, од кои три четири доаѓаат од Металург.
Станува збор за репрезентативката Марија Гугуљанова, која игра на десната крилна позиција, потоа левиот бек Јана Калајџиевска, голманката Анастасија Тодоров, како и кружните напаѓачи Мила Алексоска и Габриела Костадиновска.
Претходно Металург Автокоманда ги донесе Амра Терзиќ, Сара Миновска, Мила Трајковиќ, Марија Петреска, како и триото кадетски репрезентативки Михаела Кралева, Миа Маринчов и Таида Беровиќ.
Допрва треба да биде потврден бројот на екипите што ќе играат во Женската лига и системот на натпреварување за претстојната сезона.