Екипата на Драчево, која вчера ги стартуваше подготовките за вториот дел од натпреварувачката сезона 2022/23, ги засили редовите со четворица ракометари.
Едно од засилувањето е левиот бек од Металург РА, Лазар Стојанов, кој во минатата сезона беше меѓу најдобрите стрелци во Првата лига.
Освен Стојанов, во клубот предводен од Велимир Настески пристигнаа средните бекови Илија Димов и Никола Божинов од Металург РА, односно Аеродром.
Камбек во екипата на Драчево направи голманот Филип Христов, кој го носеше дресот на Скопје и треба да претставува големо засилување на голманската позиција.
Драчево веќе има обезбедено пласман во плеј-оф фазата, каде што ќе се бори за пласман во македонската елита.
Ракометарите на Драчево есенскиот дел од прволигашкото друштво го завршија на ПРВАТА позиција на табелата во групата Б.