Квалификациите за ЕП 2022 почнуваат за шест репрезентации

Денеска и утре вкупно шест репрезентации кои не играа на Европското првенство ќе се најдат во бараж натпревари за пласман во квалификациите за Европското првенство во 2022 година.

Оние коишто се со најслаб рејтинг мораат да играат во оваа фаза, па само три ќе се најдат со можност да играат уште средби и да дојдат до пласман во групната фаза каде ќе има место за 32 репрезентации од кои 20 ќе завршат на следниот шампионат.

Први на терен ќе излезат Белгија и Кипар кои вечерва ќе имаат пресметка, додека утре играат Грузија против Финска и Луксембург против Естонија. Реваншите се планирани за 19 јануари кога ќе бидат познати трите селекции кои ќе се приклучат во групната фаза.

Следното Европско првенство се одржува во Унгарија и Словачка, а покрај овие две селекции уште две ќе обезбедат директно место, а тоа ќе бидат финалистите на овој шампионат.

БАРАЖИ ЗА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2022

СРЕДА, 15 ЈАНУАРИ

20:10ч

БЕЛГИЈА – КИПАР

ЧЕТВРТОК, 16 ЈАНУАРИ

16:00ч

ГРУЗИЈА – ФИНСКА

19:30ч

ЛУКСЕМБУРГ – ЕСТОНИЈА

РЕВАНШ ДУЕЛИ

НЕДЕЛА, 19 ЈАНУАРИ

12:45ч

ЕСТОНИЈА – ЛУКСЕМБУРГ

15:00ч

ФИНСКА – ГРУЗИЈА

16:00ч

КИПАР – БЕЛГИЈА