Светскиот првак од 2013 година, селекцијата на Шпанија, која до златото во споменатата година дојде откако во финалето ја совлада Данска, денес на Мундијалот во Полска и Шведска ќе се соочи токму со скандинавската селекција.
Еден од поискусните во ,,црвената фурија” и екс ракометар на Вардар, Жоан Кањелас очекува неизвесен натпревар против избраниците на Николај Јакобсен.
,,Ќе биде сосема поинаков дуел од оној од 2013 година. Го знаеме тоа и затоа мора да се бориме и да го дадеме максимумот од себе доколку сакаме да се пласираме во финалето. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите во натпреварот”, изјави искусниот Кањелас за данската телевизија ТВ2.
Натпреварот меѓу Данска и Шпанија ќе се одигра вечерва со почеток од 18:00 часот. Победникот од овој дуел ќе игра во финалето со подобриот од дуелот меѓу Франција и Шведска.