Ракометарот кој учествуваше во освојувањето на првата титула на Вардар, Жоан Кањелас, заздравува после повредата на коленото и операцијата која мораше да му биде извршена.
Тој се чувствува сè подобро така што доколку работите одат во најдобар ред тогаш може да се очекува наскоро одново да биде во тимот и да се врати навреме за стартот на сезоната.
„Сè оди според планот. Претежно времето го минувам во Мадрид со семејството. Лекувањето на коленото минува совршено. Полн сум со позитивна енергија што ми помага да заздравам. Единствено што ми е тешко во моментов е да ја поднесам топлината“, коментира Шпанецот кој игра за вицешампионот на Унгарија.
Тој изјавува дека веднаш после хируршката интервенција почнал со засилена работа за да може да се врати во ритам.
„Четири дена после операцијата почнав со рехабилитација со физиотерапевт. Дури и пред операцијата работев дома, тренирав и се покажа декае многу корисно затоа што гледам и чувствувам дека многу побрзо закрепнувам. Веќе можам да шетам, да се качувам по скали така што сè оди според планот“, вели поранешниот ракометар на Вардар, а сега член на екипата на Пик Сегед.
Кањелас е еден од клучните играчи на Хуан Карлос Пастор во Пик Сегед, па затоа ќе биде добро штом се врати во ростерот.