Кањелас заработи повреда, виси учеството на СП?

Екс ракометарот на Вардар и еден од главните играчи во репрезентацијата на Шпанија, Жоан Кањелас е неизвесен за настап на Светското првенство 2023, кое ќе стартува на 11 јануари.

Искусниот ракометар на првиот контролен дуел, против репрезентацијата на Романија заработил повреда на стомачните мускули.

Канељас нема да учествува на следните пријателски натпревари натпревари, кои „црвената фурија“ ќе ги одигра како загревање за престојното Светско првенство во Полска и Шведска.

Шпанија на Мундијалот во групната фаза ќе игра против селекциите на Црна Гора, Иран и Чиле. Најдобрите три репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во следната фаза.