Репрезентацијата на Чешка стигна до првата победа и се доближи до пласман во втората рунда откако славеше против Македонија со 27:25. Еден од клучните играчи за победата после голманот Галиа, беше и десниот бек, Станислав Кашпарек кој имаше фантастично второ полувреме. Тој постигна седум гола, а по натпреварот имаше свој коментар за натпреварот.
„Макеодонија ни е традиционален противник и секогаш кога ќе ги победиме се чувствуваме како ангели. Многу пати имаме играно едни против други и многу пати имаме изгубено, чувството е неверојатно сега кога ги победивме пак. Мислам дека голманот беше главната причина, на првиот меч не беше толку добар, но денеска беше неверојатен. Постигнавме голови од контри и тешки позиции и стигнавме до водство од четири гола. Македонија има многу добри играчи, посебно се подготвуваме за Стоилов и Лазаров кои се играчи од врвна класа. Се подготвуваме за мечот со Украина и тие исто така се добар тим, но ние мораме да победиме, ги гледавме на видео навистина се многу добри, ќе се бориме до крај. Македонија и Австрија ќе бидат под притисок во последниот меч бидејќи мораат да победат, во групата нема тим кој се издвојува сите сме на исто ниво и секој може да победи секого. Ќе видиме што ќе се случи на крајот“, изјави Кашпарек по натпреварот со Македонија за 24Ракомет.
Одлучувачките натпревари за пласман во главната рунда се играат во вторник кога за само победа доаѓа во предвид на двете репрезентации. Македонија ќе мора да ја победи Австрија со два или повеќе гола за сигурен пласман, додека Чешка мора да ја победи Украина и ќе зависи од другиот дуел во групата на кој резултатот мора да им се поклопи, Македонија да не победи или да победи со четири или повеќе гола разлика.