Репрезентацијата на Чешка која ќе биде наш противник во вториот (последен) бараж за пласман на Светското Првенство победи во вториот припремен натпревар против Србија.
По натпреварот ракометарот на чешкиот тимот Сантислав Кашпарек зборуваше и за неговите очекувања од дуелот со Македонија.
„Македонија веќе е наш традиционален ривал, многу пати сме играле со нив во квалификациите. Ни треба повисока победа затоа што сите знаеме како се игра во Македонија каде што ќе дојдат 8.000 навивачи. Ќе направиме се за да се пласираме на Светското првенство и тоа е повеќе од јасно“, изјави Станислас Кашпарек.
Првиот меч меѓу Македонија и Чешка се игра во Злин на 13 април во 20:15 часот, а реваншот во Скопје на 17 април.