Македонската репрезентација денес ја очекува првиот натпревар против Чешка во рамките од баражот за Светското првенсто во Полска и Шведска. Натпреварот се игра вечерва во терминот од 20:15 часот.
Пред денешниот натпревар разговаравме со еден од најдобрите ракометари од репрезентацијата на Чешка Станислав Кашпарек. Според Кашпарек ова е првиот натпревар во кој Чешка е фаворит против Македонија, а посакува добра разлика затоа што знае пред каква атмосфера ќе треба да играат во Скопје.
„Ова е прв натпревар во кој сме фаворити, сега е можеби една смена на генерации. Играме дома и треба да победиме со поголема разлика затоа што знаеме што не чека во Скопје, не чекаат 8.000 навивачи и ќе биде тешко. Мораме да одиграме добро и да победиме“.
Чешка го промени тренерот после Европското првенство, а Шпанецот Сабате воедно е и првиот странец кој ја води оваа селекција.
„Имаме млада екипа, сега го променивме и селекторот, потребно е да го научиме новиот систем. Разликата е голема, променивме скоро се, играме поинаку и во напад и во одбрана. Немавме многу време за да се припремиме добро. За мене беше малку полесно, за другите беше потешко затоа што никој претходно не работел со шпански тренер. Ова е првиот странец кој е селектор на Чешка“.
Победата е нивна прва цел, а втората таа победа да биде со поубедлива разлика.
„Тешко е да се каже што би било добар резултат, сигурно дека сакаме да победиме. Како што кажав тешко ќе биде во Скопје, потребна ни е поголема разлика. Секако ќе бидеме среќни ако победиме“.
Македонија има одлични голмани, а затоа е свесен и Кашпарек
„Во Сегед играв против Митревски, но и останатите двајца голмани на Македонија се одлични. Ни требаше и повеќе време да го научиме тоа што селекторот го замислил. Мораме да покажеме карактер и да играме како една екипа, верувам дека така ќе биде добро“, изјави Кашпарек.
По натпреварот денес, ќе потсетиме реваншот во Скопје е во недела и во него Македонија ќе има огромна поддршка затоа што сите билети за овој натпревар се веќе распродадени.