Денеска се одиграа голем број на пријателски натпревари низ Европа, а најголемо внимание привлече оној меѓу ПИК Сегед и Загреб.
Хрватскиот првак не беше достоен ривал на унгарскиот тим и си замина дома со пораз од десет голови разлика, 36-26, а ПИК Сегед водеше и на полувреме со 21-12.
Кај ривалот на Вардар во групата од ЛШ, се истакнаа Житников и Кашпарек со по пет голови, а кај Загреб најдобар беше Вуглач со седум погодоци.
Ослабениот Кил славеше кај австрискиот Грац со убедливи 21-35. За „зебрите“ Дамке и Сагосен дадоа по пет голови.
Европскиот шампион Ѓер го претрпе првиот пораз на пријателските мечеви. Големиот ривал ФТЦ славеше над избраничките на Габор Дани со убедливи 24-16.