Катастрофа на Вујовиќ и Борац, Горење оди во четвртфиналето на ЕХФ Куп

Во натпреварите на ЕХФ Купот во машка конкуренција немаше големи изненадувања и фаворитите успешно минаа во четвртфинале.

Грачаница одигра неизвесен дуел со екипата од Санкт Петербург, Нева. Натпреварот заврши со два разлика за екипата на Нева 25:23. На полувреме резултатот беше 13:9 за Русите. Во израмнет натпревар и неизвесност до самиот крај, гостите од Русија беа подобар противник и со убедливата победа од првиот натпревар се пласираа во четвртфиналето.

Босанската екипа беше предводена од младиот ракометар, Дамир Кадриќ, кој беше најефикасен на натпреварот со десет голови. Во победничката екипа се истакна Алексеј Шинкел со шест погодоци.

Борац од Бања Лука со тренерот Веселин Вујовиќ немаше доволно сили да им парира на поискусните ракометари од Горење Велење. Словенците беа уште поубедливи за разлика од првата пресметка и забележаа победа од 32:16. И на првиот натпревар ракометарите на Горење Велење постигнаа 32 голови, но избраниците на Веселин Вујовиќ беа далеку поквалитетен противник.

Резултати, ЕХФ Куп, 1/16 финале:

Грачаница – Санкт Петербург 23:25 (9:13)
Борац Бања Лука – Горење Велење 16:32 (11:17)
Баја Маре – Донбас 34:26 (18:15)
Полва Сервити – Саратов 28:23 (12:10)
Повашка Бистрица – Зубри 28:23 (15:14)
Анортозис Фамагуста – Ферлах 26:23 (20:15)

Во четвртфиналето  се пласираа екипите на Нева Санкт Петербург, Горење Велење, Баја Маре, Полва Сервити, Зубри, Иштад и Анортозис Фамагуста. Последниот патник ќе биде познат во утрешниот натпревар со дуелот АЕК Атина – ЧСМ Букурешт.