Селекцијата на Катар денеска успеа да направи пресврт на средбата против Бахреин и да победи со 28:23 откако на полувреме губеше со еден гол разлика, 13:14.
Оваа победа беше очекувана од составот на Катар, но не одеше најдобро бидејќи противникот успеа да ги казни грешките во финишот од првото полувреме. Катар тргна сигурно во средбата и беше во позитива од еден или два гола. Постојано имаше водство кое во ниту еден момент не даваше сигурност, па мораше да се одработи во продолжение на едно повисоко ниво.
Бахреин ги одигра подобро последните пет минути од првото полувреме кога успеа и да дојде до предност за на одмор да води против Катар со 14:13.
Предноста од еден гол селекцијата на Бахреин ја одржуваше и на стартот на второто полувреме кога беше во водство од еден или два гола. Имаше позитива која не гарантираше сигурност. Сепак, при резултат 15:16 составот на Катар тргна во налет. Со 6:0 се избори за целосен пресврт така што успеа да стигне до 21:16 и овие пет гола без проблеми ги одржуваше постојано.
До крајот на средбата Бахреин веќе не можеше ништо и мораше да се помири со поразот. Катар, пак, иако победи нема да има голем плус од овој триумф бидејќи тешко дека ќе може до една од првите две позиции.