Европскиот првак без мака стигна до Келн

Актуелниот европски шампион Барселона е последниот патник на Ф4 турнирот во Келн, откако ги доби двата четвртфинални дуели против ГОГ, екипа која со Висла Плоцк беа две големи изненадувања, но не успеаја да стигнат до најдобрите четири екипи.

Барселона во денешниот реванш дуел против ГОГ одигра рутински и триумфираше со 36:30 Сите дилемите беа решени уште по првото полувреме, кое заврши со предност на католонскиот гигант од 20:13.

Првиот четвртфинален дуел, на кој ГОГ беше домаќин, заврши со убедлива победа на Барселона од 37:30.

Место на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите обезбедија и екипите на Келце, Магдебург и ПСЖ.

Скапиот тим на Веспрем остана без Ф4 – Келце патува во Келн!