Екипата на Металург денеска го има првото полувреме против составот на Криенс во битката за добар резултат и предност за реваншот кој се игра следниот вторник во Швајцарија.
Тренерите на двата тима веќе се изјаснија околу составите така што е познато со кои играчи ќе излезат на првиот дуел.
Нема изнаненадувања во составите и на едната и на другата страна. Зоран Кастратовиќ може да смета на сите ракометари така што дефинитивно тимот на Металург е комплетен и денеска ќе излезе на терен со најдоброто што го има во моментов.
Гостите кај кои постоеше неизвесност за поранешниот играч на „металурзите“, Лапајне ќе го имаат на располагање. Горан Перковац го има во тимот така што ќе се обиде да си замине со позитивен резултат.
Јасно е дека денеска е на Металург да се обиде со добра игра да дојде до резултат кој ќе даде можност за мирен реванш следниот вторник. Денешниот натпревар се игра во СЦ „Јане Сандански“ од 20:45 часот. Поради пандемијата со коронавирусот ќе нема присуство на публика на трибините.