Црногорскиот стратег Зоран Кастратовиќ стана миленик на навивачите на Ал Мудар во Саудиска Арабија.
Овој тим е лидер на табелата по есенскиот дел на првенството, а тоа се случи по победата над директниот и најголем ривал Ал Нор со 27-20.
На последниот натпревар повеќе од 5.000 навивачи го скандираа неговото име, а тој им се придружи во големото славје.
Кастратовиќ е поранешен тренер на Вардар, Металург и Пролет, екс селектор на женската селекција на Македонија.
Претходно ги водеше Беране, Сутјеска, Слобода Тузла, Ал Џаиш, како и репрезентациите на Иран и Црна Гора.