Македонската двојка Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе бидат дел од првото коло во новата сезона од Лигата на шампионите.
Тие добија делегирање од Европската ракометна федерација на мечот од групата Б што ќе се игра во Полска.
Станува збор за пресметката меѓу полскиот првак Заглебје Лубин и словенечкиот шампион Крим Меркатор.
Овој натпревар се игра на 9 септември со почеток во 18:00 часот во салата „Видовисково Спортова“ во Лубин.