Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од баражите за СП во женска конкуренција.
Меѓу оние арбитри што добија задачи во април, се најдоа и Македонките Силвана Карбеска и Марија Илиева.
Македонските судијки ќе го судат реванш натпреварот од мундијалскиот бараж меѓу Унгарија и Исланд.
Овој натпревар што ќе го даде патникот на СП ќе се игра во унгарскиот град Ерд на 12 април со почеток во 18:15 часот.