Најдобрата судиска двојка од Македонија во женска конкуренција, Силвана Карбеска и Марија Илиева добија нова задача, па ќе бидат на терен на дуелот меѓу Звезда Звенигород и Заглебие Лубин од Лигата на Европа.
Ова е прва средба од овој двобој од 3. квалификациско коло, а натпреварот се игра во Русија. Средбата ќе се игра на 13 ноември во Чехов, а почетокот е во 19 часот. Делегат ќе биде Романецот Дин.
Меѓу делегираните за оваа рунда од Лигата на Европа е и делегатот Ацо Николовски. Тој ќе биде присутен на средбата меѓу Глорија Бузау од Романија и Сторхамар од Норвешка. Станува збор за реваншот од овој дуел кој е закажан за 21 ноември во 11 часот.
Судии на овој натпревар ќе бидат Цаферопулос и Бетман од Грција.