Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првиот бараж за Светското женско првенство во 2023 година.
Македонската двојка Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе го судар првиот меч меѓу селекциите на Бугарија и Италија.
Овој дуел ќе се одигра на 2 ноември во градот Варна, во источниот сосед на Македонија, со почеток од 16:00 часот.
Македонија ќе игра само еден бараж, и тоа во април догодина, а ривалот ќе го дознае последниот викенд од ЕП.