Покрај женската младинска репрезентација, Македонија ќе има уште тројца свои претставници на ЕХФ шампионатот што започнува денеска.
Станува збор за судиската двојка Силвана Карбеска и Марија Илиева, кои ќе ја делат правдата на некои од натпреварите во СЦ „Јане Сандански“.
Покрај нив, дел од официјалните лица на овој шампионат ќе биде и делегатот Ацо Николовски.
Македонија го започнува настапот на ЕХФ шампионатот со натпреварот против Босна и Херцеговина, кој е на програмата вечерва од 20:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.