По цели седум години поминати во дресот на Вардар, хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ летово се пресели во полскиот првак Келце. Тој првпат ќе заигра против неговиот поранешен тим, но вели дека е подготвен за спектакл.
„Секогаш е убаво да се вратам на некој начин во својот дом. Денеска работите се поинакви и за прв пат стојам против Вардар и ги бранам боите на Кјелце. Ние сме подготвени и нека почне спектаклот“, напиша на Инстаграм.
Натпреварот меѓу Вардар и Келце почнува од 17:30 часот во СЦ “Јане Сандански”.