Карачиќ со 13 гола го среди ПСЖ, сигурна победа на Фленсбург

Ракометерите на Келце стигана до голема победа против ПСЖ во 5. коло од Лигата на шампионите. Избраниците на Талант Душебаев триумфира 35:33 после голема борба и неизвесност.

ПСЖ имаше предност во поголемиот дел од првото полувреме, поведе со 3:1 и 8:5. Келце успеа да израмни во 17. минута на 11:11. Во продолжение со серија од три гола ПСЖ повторо имаше водство, но Келце успеа да ја стопи негативата уште еднаш и по 30. минути беше 18:18.

Ефикасната игра продолжи и во вториот дел, Келце имаше подобро отворање и постојано водство во второто полувреме. Во 45. минута домаќините имаа 29:26, со три последователни гола ПСЖ израмни, но во завршницата Келце подобро се снајде и стигна до победата.

Најдобар на теренот беше Игор Карачиќ со 13 гола, а голема поддршка имаше од Алекс Душебаев кој постигна седум гола. Во составот на ПСЖ на кој му недостигаше Никола Карабатиќ, најмногу се истакна Микел Хансен со десет погодоци.

Фленсбург на свој терен беше поуспешен од Елверум со 37:35. Германскиот тим во текот на целиот натпревар беше во водство и целосно го контролираше разултатот. По порвите 30 минути беше 18:14, а во продолжението избраниците на Мајк Макула само ја потврдија победата.