Игор Карачиќ ја завршува 2019 година како најдобар ракометар во Хрватска, а тоа беше очекувано со оглед на тоа што ја освои европската шампионска титула со Вардар и беше прогласен за најкорисен играч на завршниот турнир во Лигата на шампионите.
Во 2019 година со националниот тим на Хрватска настапи на Мундијалот во Германија и Данска, но резултатите не беа според очекувањата.
„Кога би можел да бирам, сите клупски титули и лични признанија би ги дал за злато со Хрватска. Лигата на шампионите е круна на мојата кариера, но како дете сонував со Хрватска да се качам на врвот додека ја гледав генерациајта на Метличиќ, Џомба, Лацковиќ…било тоа да е злато на Европско, Светко првенство или Олимписки игри. Ние Хрватите доминираме во сите најсилни лиги и клубови, па би било убаво годината на убав начин – со медал од Европското првенство“, изјави Карачиќ.
Хрватска на Европското првенство ќе игра во групата А во Грац, заедно со селекциите на Србија, Црна Гора и Белорусија.