По минималната победа над Калиш, полскиот првак Келце по објавувањето на новиот спонзор забележа убедлив триумф во вториот пријателски натпревар.
На турнирот во Миелец, избраниците на Талант Душебаев немаа милост кон тимот на Пјотрковиа и го совладаа со 42-25.
На теренот се врати Игор Карачиќ, кој не играше на првата средба, а сега запиша два гола во убедливата победа.
Најефикасни беа Каралек со шест погодоци, и Вујовиќ и Гудјонсон со по пет постигнати голови.