Поранешниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ, вчера во Келце го прослави 32-от роденден.
Неговата свршеница, Душица Андоновска, му подготви интересна торта и неколку подароци, а неизбежно беше и полското пиво од спонзорот на Келце.
„Роден за мене пред 32 години“, напиша Андоновска на Инстаграм и сподели фотографии од домашната прослава.
Карачиќ поради коронавирусот во Келце, мора да биде во изолација и не се појави на репрезентативниот собир за ЕХФ неделата.
Лани веќе гостуваше како ривал на Вардар во Скопје, а ист ќе биде случајот и сезонава на 19 ноември.