Хрватскиот среден бек Игор Карачиќ пред три дена го стави потписот на новиот тригодишен договор со Келце.
Полскиот шампион од следната сезона во тимот ќе го има шампионскиот двоец на Вардар од 2019, Карачиќ и Скубе.
Претседателот на Келце, Бертус Сервас, меѓу редови откри дека Карачиќ прифатил нов договор со помала плата од претходно.
„Среќен сум што конечно постигнавме договор со Карачиќ. Сакам да му се заблагодарам затоа што покажа дека парите не се се на светот“, напиша Сервас на Твитер.
Тој откри дека следната недела ќе има повеќе информации за статусот на Стефан Додиќ и каде тој ќе оди на позајмица од следната сезона.