Полскиот првак Келце го одигра првиот пријателски натпревар по пауза од пет месеци откако последен пат беше на теренот.
Келце едвај го победи составот на Калиш со 29-28, откако и на полувремето имаше само еден гол предност, 14-13.
За тимот на Талант Душебаев не настапија сите засилувања, со оглед на тоа што повредениот Трастарсон ќе се врати за два месеци на теренот.
Не играше ниту Игор Карачиќ, кој според полските медиуми има полесна повреда и бил превентивно поштеден.
Најдобри стрели на ривалот на Вардар во групите од ЛШ беше Николас Турна со 6 погодоци, а четири даде Даниел Душебаев.