Искусниот босански ракометар Иван Карачиќ и во наредните две години ќе игра ракомет на клупско ниво.
Братот на поранешниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ го продолжи договорот со Макаби Ришон на уште две години.
„Нашиот Иво го продолжи договорот со својот клуб Макаби Ришон на уште две години, поточно до 2024 година. Ќе потсетиме, Иван во Израел пристигна во 2016 година и стана еден од носителите на игра на тимот со кој освои три титули шампион на Израел и еден куп. Во овој момент е во израелскиот плеј-оф за шампион и повторно е еден од главните фаворити“, објавија од Ракометниот сојуз на Босна и Херцеговина.
Инаку, Карачиќ неодамна објави дека ја завршува репрезентативната кариера.