Карачиќ: Македонија има добар тим, но ние мислиме само на нас

Машката репрезентација на Македонија вечерва го игра третиот пријателски натпревар во рамките на подготовките за Светското првенство.

Ривал на Македонија ќе биде селекцијата на Хрватска, а екс вардарецот Игор Карачиќ вели дека имаме добар тим.

„Добро се тренира, позитивна е енергијата и атмосферата. Се радуваме на секој тренинг, ни даваат мали шанси, но тука сме, заедно сме, се бориме и го очекуваме првенството. Гледам дека и старите и младите го „гризат“ паркетот, а тоа ми дава дополнителен мотив. Македонија е добра екипа, добар тим и не треба премногу да мислиме кои се и што се. Мораме да се подготвиме за првиот дуел на СП бидејќи веќе се зборува дека не сме екипа на највисоко ниво. Треба да го победиме Египет за да влеземе полесно во првенството, да добиеме самодоверба и мораме да мислиме само нас, а не противниците“, вели Карачиќ за хрватските медиуми.

Хрватска е во група со Египет, САД и Мароко, а пријателскиот натпревар против Македонија го игра вечерва со почеток во 20:15 часот.