Во Битола Вардар денес славеше победа со 23:26 со која „црвено-црните“ стигнаа на чекор од нова титула во домашното првенство.
Поранешните вардарци Игор Карачиќ и Кристијан Дисингер кои освојуваа титули во во дресот на Вардар знаат што значи денешната победа, па затоа испратија честитки преку социјалните мрежи.
Тешко беше за Вардар да се игра во „битолскиот вулкан“, но сепак на крајот црвено-црните стигнаа до важниот триумф кој ги носи на чекор до одбрана на титулата.
До крајот на сезоната Вардар ќе има се во свои раце и ќе биде потребно да победи во следните три натпревари и тешко дека ќе ја испуштат ваквата прилика.