На почетокот на јуни со екипата на Вардар се искачи на тронот во Келн во Лигата на шампионите, а сега в недела ќе има шанса да дојде до уште една круна и да го повтори резултатот кој го имаа Душебаев и Штербик пред две години. Игор Карачиќ се повреди против селекцијата на Шпанија, но денеска најде сили за 80 минути игра.
Не беше на нивото од тој меч, но одигра максимално добро и негова беше завршната асистенција.
„Не знам што ни минуваше во глава во завршните моменти. Не знам ни од каде најдовме ваква сила. Натпреварите со Германија и Шпанија ни помогнаа да се извлечеме од оваа ситуација. Им се извинив на момците за зицерите кои ги промашив, а и Бергеруд беше неверојатен. Се потрошивме на претходните средби. Сепак, одигравме неверојатно и му симнуам капа на нашиот капитен Дувњак. Оваа екипа има сè за да се искачи на врвот“, рече Карачиќ веднаш после натпреварот.
И тој како и Циндриќ сигурно ќе најде сили за в недела да одигра уште еден натпревар бидејќи финалето е сон на секој спортист.