Карачиќ за 24Ракомет ТВ: Пеналите се лотарија, Барса имаше своја вечер (ВИДЕО)

Ракометарите на Келце немаа среќа да ја освојат втората титула во Лигата на шампионите откако во финалето на Ф4 турнирот во Келн беа поразени од бранителот на титулата Барселона, која ја доби битката против полскиот шампион по изведувањето на пенали со 37:35. Екс ракометарот на Вардар, Игор Карачиќ, кој во „црвено-црниот“ дрес освои две шампионски титули во Лигата на шампионите, денеска не успеа да стигне до првата титула во елитното клупско натпреварување во дресот на Келце, но се надева дека тоа ќе го направи следната сезона. Целосната изјава на хрватскиот репрезентативец може да ја погледнете на видеото во продолжение.