Карачиќ за 24Ракомет ТВ: И по стоти пат да сум во финале, пак ќе имам мотив да се докажувам

Полскиот првак Келце се пласираше во финалето на Лигата на шампионите, откако славеше со 37-35 против унгарскиот Веспрем. Некогашниот вардарец кој има две титули од Келн, беше најдобриот на теренот против Веспрем и сега против Барса ќе ја брка третата титула во Лигата на шампионите. Хрватот вели дека и по стоти пат да е во финале, пак ќе има мотив да се докажува. Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот...