Игор Карачиќ неодамна се врати во репрезентацијата, но тоа што не беше со Хрватска на Европското првенство се уште е една од главните теми. Логично е и да биде така затоа што поранешниот ракометар на Вардар е еден од најдобрите ракометари на Келце.
Карачиќ е искрен и призна дека жали што не бил дел од репрезентацијата на Европското првенство,
„Секогаш на човек му е жал, посебно кога знае дека бил дел од тоа, дека дал нешто свое…Но, било поминало, повеќе не се враќам на тоа и важно ми е што сум повторно тука. Се радувам на секој собир, настапот е тешко да се коментира затоа што околностите беа специфични“.
Дел од репрезентацијата беше на собирот неодамна во Вараждин кога Хрватска одработи само припреми со оглед на тоа што директно обезбеди место во финалниот бараж за СП.
„Супер беше што се собравме, реткост е тоа да се случи во текот на сезоната. Мене искрено добро ми дојде да запознаам и некои нови соиграчи со кои досега немав прилика да играм. Мислам дека навистина сме добри и сакаме тоа да го покажеме на терен“.
Не сакаше премногу да заборува за причините за изоставувањето од составот.
„Знам дека луѓето ги интересот зошто, но јас не гледам смисла да одговарам на такви прашања затоа што сакам да играм ракомет и тоа е единствено нешто што ми требаше. Некако избегнував да зборувам за тоа затоа што мислам дека не е потребно“, изјави Карачиќ за „Спортске новости“
За место на Светското првенство Хрватска ќе игра со Финска и во тој двомеч Хрватите влегуваат како големи фаворити.