Покрај ракометарите Вардар од денеска во сала се и играчи на уште еден тим, кој е ривал на „црвено-црните“ во групната фаза од Лигата на шампионите во новата сезона.
Се работи за тимот на Келце каде што и во новата сезона играат двајца поранешни ракометари на Вардар, Игор Карачиќ и Алекс Душебаев.
И покрај тоа што клубот долго се соочуваше со финансиски проблеми и беше доведено во прашање учеството во новата сезона и во Лигата на шампионите и во домашното натпреварување, сепак, сосема извесно е дека работите се стабилизираа и дека тимот на Келце ќе продолжи со игрите.
Како беше денеска на првиот тренинг можете да погледнете во продолжение од фотографиите објавени на Фејсбук профилот на клубот.