Во новата сезона во Лигата на шампионите Еурофарм Пелистер ќе игра со гиганти од типот на Келце, Кил, ПИК Сегед, ПСЖ, Загреб…
Во овие тимови има неколку ракометари што како членови на Вардар гостувале во Битола и знаат каква е атмосферата во „Боро Чурлевски“, па веројатно ќе ги подготват своите соиграчи што да очекуваат.
Со Загреб во Битола ќе гостуваат Тимур Дибиров и Иван Чупиќ, две легенди на Вардар, а уште две – Игор Карачиќ и Алекс Душебаев ќе дојдат со полскиот Келце.
Некогашниот стратег на Вардар, Раул Гонзалес ќе дојде по долго време во Македонија и ќе гостува во Битола со тимот на ПСЖ, додека Глеб Калараш со ПИК Сегед исто така ќе биде ривал на пелистерци.
Битолчани новата сезона ја стартуваат со домашен натпревар против хрватскиот Загреб на 12 или 13 септември, а потоа ќе му гостуваат на полскиот Келце.
Еурофарм Пелистер ги дозна ривалите – ќе игра против Келце, Кил, ПСЖ, Загреб, Алборг…
Јовиќ: Со страст, борбеност и квалитет скапо ќе ја „продадеме“ кожата