Карачиќ: Веспрем е фаворит, ама кога Вардар е на другата страна…се е можно!

Игор Карачиќ го водеше Вардар во големите победи над Барселона и Веспрем минатата година во Келн на завршниот турнир од Лигата на шампионите.

Сега Хрватот е член на Келце, но со внимание го следи Ф4 турнирот во СЕХА лига, но вели дека карактерот е нешто што ќе го краси Вардар додека постои, но и дека во еден меч на неутрален терен се може да се случи.

„Сто пати сме го виделе тоа досега дека карактерот е нешто ќе го краси Вардар додека постои, тоа веројатно на сите веќе им е јасно. На оваа екипа ќе и треба време да се воигра, се е ново. Очекувам напредок од натпревар во натпревар. Покрај карактерот, има и квалитет, но треба време. Нема дилеми дека Веспрем е фаворит, во прашање е екипа со голем ростер и јасно е дека предноста е на нивна страна. Но ова е завршен турнир, еден натпревар, на неутрален терен и се може да се случи, особено што знаеме дека Вардар е на спротивната страна. Се радувам на финалето и се надевам на добар натпревар, убави акции, па нека победи подобриот“, изјави Карачиќ за „Балкан Хендбол“.

Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем се игра вечерва во Задар во салата „Крешимир Ќосиќ“ со почеток во 20:30 часот.