Без Игор Карачиќ и Лука Циндриќ, селекцијата на Хрватска барем за една класа би била послаба. Двајца некогашни членови на Вардар, заедно со Дувњак и Степанчиќ се главни во бековската линија на Лино Червар, а пред важниот полуфинален дуел со Норвешка имаа проблеми со повреда.
Сепак Карачиќ ја смирува ситуацијата. Тој вели дека ќе биде подготвен и најавува дека би играл и со една нога ако треба.
„Апсолутно не постојат никакви шанси да го пропуштам полуфиналето. Ќе играм и со една нога ако треба. Нека не бидат загрижени навивачите“, вели Карачиќ.
Покрај Карачиќ, за настап би требало да биде подготвен и Циндриќ, па Червар ќе може со сите расположиви сили да им се спротистави на Норвешка и Кристијан Берге. Натпреварот почнува од 18:00 часот во „Теле 2 Арена“ во Стокхолм.