Карапалевски: Имавме тежок натпревар со Монпелје, но одиме на триумф против Нексе

Тимот на Вардар по тешкиот натпревар во Лигата на шампионите против Монпелје, денеска патува во Хрватска.

Во Нашице утре против Нексе го очекува двобој од регионалната СЕХА лига против незгодниот хрватскиот вицепрвак кој славеше во Скопје. Средниот бек Мартин Карапалевски очекува тешко гостување.

„Нексе е одличен тим кој игра цврста одбрана и гостувањето ќе биде многу тешко. Имаме малку време да се спремиме и да ги корегираме грешките од Скопје, но секако одиме на победа. Игравме тежок меч во Франција и мораме да продолжиме да играме на високо ниво“, изјави Карапалевски.

Натпреварот меѓу Нексе Нашице и Вардар се игра утревечер со почеток во 20:00 часот.