Карапалевски: Ако го запреме Скубе, ќе биде полесно

Ракометарите на Вардар ги очекува последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите против Мешков Брест.

Средниот бек Мартин Карапалевски вели дека треба добро да се внимава на Сташ Скубе, кој добро ги познава вардарци.

„Мораме добро да одиграме. Треба добро да се внимава на Скубе, тој е нивниот мотор. Се оди преку него. Ако него го сопреме ќе биде полесно. Тој не знае нас, ние го знаеме него. Секој меч сезонава во Лигата на шампионите е различен, но подеднакво тежок. Ние играме добро, барем на последните натпревари во ЛШ, иако немавме многу среќа на некои од натпреварите, или пак во последните моменти грешевме. Секако проблем е што во последно време не сме комплетни, па тоа малку ги пореметува нашите планови. Но, како оди сезоната се повеќе се воигруваме“, вели Карапалевски.

Натпреварот меѓу Вардар и Мешков Брест се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ во 18:45 часот.