Полскиот шампион Келце не успеа да ја освои втората титула во Лигата на шампионите откако во финалето на Ф4 турнирот во Келн беше поразен од бранителот на титулата, Барселона, која двапати по ред го освои трофејот во елитното клупско натпреварување.
Избраниците на Талант Душебаев после изведувањето на пенали беа поразни со 37:35, а кружниот напаѓач на Келце, Артем Каралек, беше прогласен за најкорисен играч на завршниот турнир во Лигата на шампионите, односно за МВП.
Искусниот ракометар, кој одигра во одлично издание на Ф4 турнирот во Келн, за официјалната страна на ЕХФ го коментираше добиеното признание за МВП.
„Среќен сум што добив признание за МВП на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите. Но, кога би можел, веднаш би ја заменил наградата за победа на турнирот. 10.000 МВП не вредат ништо повеќе од победа во финалето на турнирот“, изјави Каралек за ЕХФ.