Караиванов и Михајловиќ донесоа дерби победа за Младост

Екипата на Младост дојде до триумф против Вардар Неготино со 26:25, а клучот за победата беше во двајца ракометари кои одработија убедливо најдобро.

Саша Михајловиќ и Митко Караиванов имаа најмногу од играта и покажаа доста повеќе од другите ракометари. Двајцата заедно постигнаа 22 гола, а од нив 16 беа дело на Караиванов.

Со ова практично тие се бореа сами со тимот на Вардар Неготино и најчесто лесно го наоѓаа патот до голот на Ангелов. Имаа помош и од Роглев и Ѓуриќ, но тие додадоа само уште четири гола.

И во Вардар Неготино не беше нешто поинаку бидејќи таму шест играчи се запишаа меѓу стрелците. Ташев и Кузманов предводеа, но во финишот реакцијата беше задоцнета за да може да се дојде до нешто повеќе.

Оттаму Младост остана дома непоразен и има четири победи од четири средби со кои е единствениот непоразен состав во Групата А од Првата машка лига.

МЛАДОСТ – ВАРДАР НЕГОТИНО           26:25 (15:11)

Сала: „Млаз“ во Богданци. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Ерик Белимов од Скопје.

МЛАДОСТ: Паунков, Пешков, Пеев, Михајловиќ 6, Караиванов 16, Прчев, И. Роглев, Н. Роглев, 3, Атанасов, Демерџиев, Гогов, Чрчев, Стоилов, Котев, Ѓуриќ 1

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 2 мин.

ВАРДАР НЕГОТИНО: Ангелов, Недев, Ташев 8, Кузманов 7, Бор. Трпески, Трајкоски 4, Бој. Трпески, Митевски 1, Ѓорѓев, Ицев, Петров 2, Кочаров, Пеовски 3, Орешков.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 4 мин.